ВМРО ДПМНЕ: МАКЕДОНИЈА СЕ СООЧУВА СО УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ПОРАЗ, НИТУ ЕДЕН ОД УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО ДРЖАВАТА НЕ Е ВО ПРВИТЕ ИЛЈАДА НА ШАНГАЈСКАТА ЛИСТА

Вести Истакнато Македонија

Додека во јавноста се актуелни договорот со Грција и сите штетни последици кој тој ги носи, криминалните тендери, афери и злоупотреби, додека земјоделците се соочуваат со нова криза, а во здравството се бројат случаите со смртен исход, Македонија се соочува со уште еден голем пораз, ниту еден од универзитетите во државата не е во првите илјада на Шангајската листа за успешност во високото образование.

Ветува иднина, а образованието, образованието ни е руинирано. Каква е таа иднина кога имаме и официјална потврда дека ниту еден од универзитетите во државата не е според својот квалитет во првите илјада во светот. Ќе потсетам дека ветуваа живот, но добиваме порази. Нема градење на иднина без пристојно и квалитетно образование. Македонија е исклучена од оваа листа.

И додека образованието во Македонија стагнира, во првите 500 се универзитетите од соседството Белград, Атина, Љубљана, Софија, Солун и итн.

Како универзитетски професор, но пред се родител и граѓанин на оваа земја, можам да кажам дека ова е резултат на негрижата и немањето на стратегија во високото образование, немотивираноста на наставниот кадар, експериментирањето и политизацијата на образованието. За ова нема изговори, неуспехот на владата го плаќаат младите.

Нема во Европска Унија со неквалитетно образование кое не е рангирано ниту во првите 1000 универзитети, нема иднина доколку главен приоритет за власта се криминални иновации наместо реформи во образованието. Не може да се тврди дека сте за младите, а нив трајно да ги деградирате со неквалитетно образование.

Образованието е поврзано со економијата. Не можете вие да се залагате за развој во економијата и да понудите инвестиции со висока технологија, а при тоа да не можете да понудите кадар кој што е едуциран и може да ги опслужува овие инвестиции.

Изминатиот период имав можност да другарувам и да се информирам со голем број млади луѓе во Република Македонија. Точно знаеме што им недостасува и тоа ќе биде дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ која што ќе биде презентирана во период кој што следи. Нудиме голема авангардна понуда за сите млади во Република Македонија.

Со оваа влада Република Македонија нема иднина, ниту ќе дојде Европската Унија.

Затоа Македонија заслужува повеќе, заслужува образование со универзитети кои ќе бидат во првите 500 во Светот, Македонија е извор на знаење и компетенции. За да тоа се случи оваа власт мора да падне, и само така Македонија ќе победи , се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.