(Видео) Tомас Вајц за членството на Северна Македонија во ЕУ: Вклучувањето на Бугарите во Уставот е задолжителен услов
Во најновата епизода на емисијата „Станица Европска Унија“ на Euronews Bulgaria главна тема е Северна Македонија, која е исправена пред историски избор – реформи или трајна изолација.
Известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц предупредува во специјално интервју за Euronews Bulgaria дека Скопје има шанса за членство до крајот на овој мандат, само ако престане да ги одложува уставните измени. Дали постои политичка волја за независно судство и зошто 47 милиони евра европска помош може да ја заобиколат Северна Македонија? Погледнете во видеото што следи:
