|

(Видео) Турски инфлуенсер пронајден мртов во урнатините, го исмејувале на мрежите поради физичкиот изглед

Турскиот инфлуенсер Таха Дујмаз од Хатај беше пронајден мртов во урнатините по серијата разорни земјотреси што ги погодија Турција и Сирија.

Оваа вест ја расплака Турција, која се сеќава како младиот Таха бил изложен на насилство на социјалните мрежи, каде го исмевале поради финансиската состојба и физичкиот изглед.

Во Турција, Таха бил познат по своите кулинарски вештини, кои редовно ги споделувал со своите следбеници на мрежите. Безживотното тело на Таха е пронајдено во урнатините на зградата на неговата тетка во  Кахраманмараш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taha Duymaz (@tahaduymazz)

Младиот инфлуенсер, инаку, бил жртва на интернет насилство. Популарноста ја стекнал кога во скромната кујна почнал да  споделува со семејството рецепти од јадењата што ги правел. Тоа било доволно за поединци да го исмеваат дека е сиромашен.

Подоцна почнал да заработува и да го издржува семејството, но потоа истите луѓе почнале да го навредуваат поради неговиот физички изглед, поточно неговиот нос.

Поради притисокот го оперирал и носот, но теророт на мрежите не престанал. Мета биле и неговите уши, кои исто така ги оперирал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taha Duymaz (@tahaduymazz)

Слични Објави