|

(Видео) Целото семејство е сплотено, спасена и мајката која го доеше бебето под урнатините

Едноиполгодишното девојче Масал беше спасено од под урнатините на станбена зграда во Караманмараш, 56 часа по разорните земјотреси, благодарение на нејзината мајка која ја доела.

По спасувањето, светот ја посведочи емотивната средба на бебето со неговиот татко кој со свои сили прв успеа да се извлече на безбедно, но судбината на мајката беше неизвесна. Таа се’ уште не беше спасена.

Турските медиуми денес ја објавија нивната приказна.

Мајката Јелиз Кираџакали e спасена и бремена во четвртиот месец, а семејството повторно е сплотено.

Слични Објави