ВИДЕО: УЧЕНИК САКАЛ ДА АКТИВИРА БОМБА ВО УЧИЛИШТЕ ВО ПЛОВДИВ

//

Полицијата и Државната агенција за национална безбедност на Бугарија (ДАНС) спречија бомбашки напад во една од елитните гимназии на вториот по големина град во земјата Пловдив.

Уапсен е ученик на 15 години што сакал да активира бомба во последниот школски ден. Според непотврдена информација експлозивната направа е изработена од осомничениот. Бомбата е направена со запаливи материи и метални предмети со цел да биде со што поголема разорна моќ.

Според првичните информации објавени од надлежните органи ученикот бил под влијание на радикална исламска организација.

Осомничениот е уапсен вчера и со него веќе работат психолози од специјалните служби, а во претресот на неговиот дом се откриени деловите за експлозивната направа.





Претходна статија

ЈА ЧЕКАМ И ГРУПАТА НА КРСТО ДА КАЖЕ ДАЛИ ЌЕ СЕ ОТКАЖЕ ОД ОШТЕТАТА ЗА 27-МИ

Следна статија

ПЕНДАРОВСКИ СО ПОДДРШКА ЗА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ И НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ

Најново од Вести