(Видео) Училиштето „Св. св. Кирил и Методиј“ во село Крупник, годинава ќе прослави 110 години од своето создавање
Училиштето „Св. св. Кирил и Методиј“ во село Крупник општина Симитли во Бугарија, оваа година на 1 ноември- Денот на народните будители ќе ја прослави својата 110 годишнина. Училиштето е отворено на 1 септември 1913 г. а во него почнуваат да учат 36 дечиња од прво, второ, трето и четврто одделение.
За почетоците, за долгиот пат преку науката и за доследноста раскажуваат учители и поранешни ученици на училиштето, кое никогаш не ги затворило своите врати веќе 110 години.
