ВМРО-ДПМНЕ: НОВИОТ ВОДОСНАБДИТЕЛЕН СИСТЕМ E УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ДЕКА СДСМ СЕ ФАЛИ САМО СО ПРОЕКТИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ
Новиот водоснабдителен систем е проект со кој СДСМ се фали е уште еден доказ дека само ги довршуваат и спроведуваат проектите започнати од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Имено овој проект е започнат на 15.02.2017 од страна на градоначалникот г. Иван Франгов финансиран со средства обезбедени од Светската банка и Европската унија во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги на Министерството за финансии.
Безидејноста на СДСМ е се поочигледна, од кога се на власт немаат ниту еден проект започнат.
Од ветувањата на СДСМ за 600 километри нови автопатишта, 550 километри магистрални патишта и над 1.000 километри регионални патишта се уште нема.
Ова е најнеспособната влада во историјата на Македонија. Колку побргу ќе си замине оваа неспособна власт, толку побргу ќе закрепне економијата и државата ќе се врати на вистинскиот пат, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.