ЕУРОСТАТ КОНЕЧНО ПРЕБРОЈА КОЛКУ СМЕ

//

Резултатите од истражувањето на бројот на населението во Македонија што ги објави Статистичката канцеларија на ЕУ – Еуростат, посочуваат дека во Македонија во јануари 2018 година имало 2.075.300 жители наспроти 2.073.700 во истиот период минатата година.

Доколку не се земе пред вид неуспешниот и откажан попис на населението во 2011 година, во Македонија попис се нема спроведено од далечната 2001 година. Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, неодамна најави нов попис кој се планира да се спроведе во 2020 година.

Еуростат проценува дека бројот на населението во Европската унија во јануари 2018 година изнесувал 512,6 милиони жители. Зголемувањето на населеието од 1,1 милиони жители во споредба со истиот период минатата година се должи на миграцијата, од причина што е забележан поголем број на починати лица од новородени. Најнаселенате земја во ЕУ е Германија со 82,9 милиони жители. На истата едно место подолу е Франција со 67,2 милиони, потоа Велика Британија со 66,2 милиони жители, Италија 60,5 милиони, Шпанија 47,7 милиони и Полска со 38,0 милиони жители.





Претходна статија

КРИКЕТ ЅВЕЗДАТА ИМРАН КАН ПОБЕДИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО ПАКИСТАН

Следна статија

ОД ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА СМИРУВААТ: ПЕЧКАТА ЗА СОГОРУВАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИ ОТПАД НЕ ЗАГАДУВА

Најново од Вести