| | |

(Видео) Удри по Бугарија, широко отворени врати за „Српски свет“

Насер Селмани

Последните изјави на премиерот Христијан Мицкоски дека Бугарија го одбила Акцискиот план за заштита на малцинствата затоа што бил напишан на македонски јазик претставуваат класична манипулација со јавноста. Во тоа значајно му помогнаа дел од медиумите кои, занемарувајќи клучни факти, му овозможија да создаде погрешен впечаток кај граѓаните.Кои се фактите што јавноста немаше можност да ги слушне додека Мицкоски го турка наративот дека Бугарија не го признава македонскиот јазик и сака да го редефинира македонскиот идентитет?

Прво, кристално јасно е дека на Бугарија не ѝ пречи јазикот на кој е објавен Акцискиот план. Тоа недвосмислено стои во реакцијата на бугарското Министерство за надворешни работи, кое дополнително нагласува дека станува збор за внатрешно прашање на Северна Македонија.
Во крајна линија, Мицкоски не открива „топла вода“ кога шпекулира со ставот на Бугарија кон македонскиот јазик. Според Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, јазикот е јасно дефиниран како „македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија“.

Ако Мицкоски смета дека овој компромис е штетен, тогаш како влада може официјално да ја извести бугарската страна дека се откажува од договорот. Сѐ додека тоа не го прави, очигледно е дека чувствителното прашање за јазикот го користи исклучиво за дневнополитички цели.Второ, Бугарија досега јавно нема изнесено забелешки на самиот документ. Доколку Мицкоски забелешките на одредени бугарски здруженија во земјата се обидува да ги прикаже како официјален став на бугарската влада, тогаш станува збор за сериозна манипулација, чија цел е македонските граѓани со бугарско потекло да се прикажат како продолжена рака на Софија.

Трето, единственото што може да се насети како потенцијална забелешка во реакцијата на бугарското МНР е редоследот на исполнување на обврските од Преговарачката рамка. Таму јасно се потсетува дека рамката – која ја нарекуваат „европски консензус“ – предвидува прво усвојување на уставните измени, а дури потоа усвојување на Акцискиот план. Тоа е логичен редослед: најпрво се дефинираат малцинствата во Уставот, па потоа се носат политики за нивна заштита. Или поинаку кажано, Преговарачката рамка не е „шведска маса“, па да се земе само она што одговара, а да се игнорира непријатното

Откако станува јасно дека документот не е спорен за Бугарија поради македонскиот јазик, туку поради редоследот на обврските, логично се наметнува прашањето: зошто Мицкоски свесно манипулира со јавноста токму со едно од најчувствителните прашања за етничките Македонци – прашањето за јазикот?

Причините може да бидат повеќе – од наивни до сериозни, со потенцијално долгорочни последици.

Првата, најбанална причина е дефокусирање на јавноста од реалните проблеми. Владата повеќе од година и пол нема видливи резултати, затоа што нема јасна визија како да ги реши клучните прашања. Доволно е да се погледне документот за стратешките приоритети: економски раст, успешно водење на пристапните преговори со ЕУ и владеење на правото не само што не бележат напредок, туку има стагнација, а во некои сегменти и назадување.

Слична дијагноза дава и опозициската СДСМ, но таа се задржува на површно ниво, обвинувајќи дека владата свесно ја изолира земјата и ја прикрива сопствената неспособност. СДСМ избегнува подлабока анализа на односот на Мицкоски кон Бугарија, бидејќи тоа е политички непопуларно и веднаш би биле обвинети дека „работат за Софија“.

Втората причина е сѐ поочигледниот факт дека предизборните ветувања за промена на Преговарачката рамка и постигнување „подобар договор“ со Бугарија биле нереални и лажни. Ниту рамката е сменета, ниту има подобар компромис, а уште помалку започнати преговори со ЕУ. Наместо тоа, изгубивме речиси две години во бесплодно надмудрување со Бугарија и со Брисел – за што власта мора да сноси одговорност.

Третата, најсериозна причина, за која ретко кој сака јавно да зборува, е геостратешкото позиционирање на државата како потенцијален партнер на концептот „Српски свет“. Мицкоски, свесно или несвесно, со отворена антибугарска реторика и латентен антиалбански сентимент, го поплочува патот за оддалечување од евроатлантското партнерство и враќање во сферата на влијание на Белград и Москва.Држава каква што ја замислува Мицкоски, заедно со неговите ментори од заробената држава, не може долгорочно да опстои во рамките на НАТО и ЕУ. Овој модел, кој „Фридом хаус“ го дефинира како хибриден режим, може да преживее само во друштво на авторитарни режими – слично на оној на Вучиќ во Србија, кој практично крена раце од ЕУ и јасно се позиционираше на страната на Русија.

Првиот чекор во саботажата на евроатлантската интеграција веќе е направен. Користејќи ја Бугарија како алиби, Мицкоски ги блокира преговорите со ЕУ. Јасно е дека без уставни измени и вклучување на Бугарите во Уставот преговори нема да има – а тој јавно се заканува дека тоа нема да се случи додека е премиер.

Следниот чекор, кој допрва треба да се заокружи, е формалното приближување кон „Српскиот свет“. Идеолошки, ние веќе сме блиску. Експонентот на Вучиќ и Путин, Иван Стоилковиќ, има значајно влијание во владата. Српски државни делегации, како никогаш досега, одбележуваат историски датуми кои за Северна Македонија значат ништо друго освен нова окупација. Се промовира и нов наратив според кој српската војска во Балканските војни „ги ослободувала православните браќа од Македонија“.

Втората причина е сѐ поочигледниот факт дека предизборните ветувања за промена на Преговарачката рамка и постигнување „подобар договор“ со Бугарија биле нереални и лажни. Ниту рамката е сменета, ниту има подобар компромис, а уште помалку започнати преговори со ЕУ. Наместо тоа, изгубивме речиси две години во бесплодно надмудрување со Бугарија и со Брисел – за што власта мора да сноси одговорност.

Третата, најсериозна причина, за која ретко кој сака јавно да зборува, е геостратешкото позиционирање на државата како потенцијален партнер на концептот „Српски свет“. Мицкоски, свесно или несвесно, со отворена антибугарска реторика и латентен антиалбански сентимент, го поплочува патот за оддалечување од евроатлантското партнерство и враќање во сферата на влијание на Белград и Москва.

Држава каква што ја замислува Мицкоски, заедно со неговите ментори од заробената држава, не може долгорочно да опстои во рамките на НАТО и ЕУ. Овој модел, кој „Фридом хаус“ го дефинира како хибриден режим, може да преживее само во друштво на авторитарни режими – слично на оној на Вучиќ во Србија, кој практично крена раце од ЕУ и јасно се позиционираше на страната на Русија.

Првиот чекор во саботажата на евроатлантската интеграција веќе е направен. Користејќи ја Бугарија како алиби, Мицкоски ги блокира преговорите со ЕУ. Јасно е дека без уставни измени и вклучување на Бугарите во Уставот преговори нема да има – а тој јавно се заканува дека тоа нема да се случи додека е премиер.

Следниот чекор, кој допрва треба да се заокружи, е формалното приближување кон „Српскиот свет“. Идеолошки, ние веќе сме блиску. Експонентот на Вучиќ и Путин, Иван Стоилковиќ, има значајно влијание во владата. Српски државни делегации, како никогаш досега, одбележуваат историски датуми кои за Северна Македонија значат ништо друго освен нова окупација. Се промовира и нов наратив според кој српската војска во Балканските војни „ги ослободувала православните браќа од Македонија“.

Но, извлекувањето на земјата од западното влијание не може да се постигне само со блокада на ЕУ. Следниот, многу поопасен чекор, би било напуштање на НАТО. Иако тоа изгледа ризично, теренот веќе се подготвува. Во мејнстрим медиумите сѐ почесто се појавуваат „аналитичари“ кои тврдат дека Преспанскиот договор и договорот со Бугарија се „национално предавство“ и дека треба еднострано да се раскинат. Таков потег практично би значел самоисклучување од НАТО, бидејќи токму тие договори беа услов за членството.

Во тој случај, нема ни формално да треба да излеземе – ќе бидеме исклучени. А вината лесно ќе им се припише на „неофашистите од Европа“ кои, наводно, ни го негирале идентитетот.

Паралелно, сѐ почесто се пласира рускиот наратив дека НАТО и ЕУ се пред распад. Ако тоа се случи – велат – земјата мора да има „резервна опција“. А таа опција, без да се именува директно, е „Српскиот свет“.

Но, промоторите на оваа идеја многу добро знаат дека Западот нема да остане пасивен. САД јасно порачаа дека не поддржуваат промена на граници на Балканот. ЕУ и Велика Британија имаат недвосмислен став, а тука се и Турција, Бугарија и Албанците. Едно е сигурно: српска војска нема мирно да се врати во Северна Македонија. Секој што игра со оваа карта ја предизвикува судбината, ризикува повторување на историјата и го враќа македонскиот кошмар на поделби.

Слични Објави