| |

Господине Мицкоски, не бидете „мормон“!

Проф. д-р Огњан Минчев

Мицкоски итрува за внатрешнополитичката публика во Скопје. Дури и тој знае дека на тие празни приказни нема кој да им обрне внимание ниту во Брисел, ниту каде било на друго место. Мицкоски си го бара идентитетот. Нема да го најде во Брисел… Таму нема дуќани за идентитет. Бугарските политичари тоа го научија на тежок начин. Во 2019 година со „рамковната позиција“ си ја побараа историјата, ама се покажа дека ниту има кој да им ја даде, ниту има во што да ја складираат, па да си ја земат. А најважно – бугарската историја си останува бугарска – затоа што, дури и пет милиони луди глави да ја крадат, ништо не можат да откорнат од неа. Историјата е во минатото, а минатото не е подложно на сегашноста – дури и да си на власт.

Така и Мицкоски си го бара „многувековниот идентитет“, ама ако го нема во историјата – нема од каде да го земе. Може само да прави ветар на микрофонот.

Во Брисел не разбираат од историја, од испреплетен балкански идентитет кој оди назад до Адам и Ева. Тие на своите универзитети им оставиле да се занимаваат со тие прашања. Во Брисел има документи во обрт. Така во 2022 година некои попаметени бугарски политичари не ја побараа од Скопје „историјата“, туку побараа Бугарите да бидат внесени Уставот – покрај Срби, Албанци, Турци, Роми и Бошњаци…

Дали тоа е во бугарска полза – е друга тема на разговор. Тука прашањето е дека кога ќе побараш нешто конкретно, правно легитимно, дипломатски формулирано и документално депонирано – Брисел може да одлучи дали имаш право или не. Во случајот со Бугарите во македонскиот Устав, Европа одлучи дека имаме право – и го формулира „францускиот предлог“, го внесе во преговарачката рамка на Скопје и го завери со 27 потписи од земјите членки.

Господине Мицкоски – сè друго се празни приказни.

Вие сте премиер на европска држава – а со што се занимавате! Ровите по коските на луѓето. Во Америка има една деноминација – мормони. Мормоните имаат догма дека кога ќе најдат документи за одамна умрени луѓе, можат да ги „крстат“ како мормони и така – post mortem – да ги присоединуваат кон своите единоверци, живи и мртви.

Господине Мицкоски, не бидете „мормон“! Тргнавте да „крштевате“ мртви луѓе кои оставиле јасна трага кои се и какви се – и мислите дека на тој начин си создавате идентитет… На тој начин само будите сомнежи за истиот тој идентитет.

Затоа што јас сум сигурен (за разлика од некои мои сонародници), дека Македонците имаат идентитет. Но тој не е таму каде што вие и вашите претходници „мормони“ – србомани го барате веќе 80 години.

Тој очигледен и легитимен македонски идентитет ќе се изрази најдостоинствено тогаш кога ќе ја послушате мудроста на водечки македонски интелектуалци кои ја даваат формулата како да ги решиме споровите меѓу нас. Македонија треба да го признае минатото, а Бугарија – сегашноста.

Тогаш ќе се види кога, зошто и како секој од нас стекнал идентитет и зошто треба меѓусебно да се почитуваме. Ако сме луѓе.

Слични Објави