(Видео) Величковски: Мора да внимаваме што ќе снема во истрагата, а не само што ќе биде најдено
Источниот дел на Северна Македонија во просторот меѓу Велес… Кочани… се до Струмица е под окупација на бруталниот криминал… кој се поврза со “ноќниот живот” и стана покритие за “црните пари”. Потоа тие се движеа преку градежништвото, игрите на среќа…
Сетете се, Кочани беше центарот од каде “експлодираше” дрогата во 1995-96.
Се сеќаваме на “Франкфуртската мафија”? Таа не се создаде спонтано, туку од Службата… Како заврши “Детонатор”?
Да провериме дали загубите на струја единствено беа големи во Арачиново?
За овие и други прашања во емисијата “Трилинг” со Горазд Чомовски.
“Забележувате дека во Кочани, можеме слободно да зборуваме и за тој триаголник со Велес и Свети Николе, функционираше една т.н „Франкфуртска мафија“ којашто не може да биде дел од организираниот криминал доколку државата не стоеше зад неа.
Сетете се за улогата на Кочани во минатиот систем и кои се служби беа распоредени во него и кој беше третманот на т.н источниот дел од караулата на тогашна СФРЈ кон Бугарија и кон Албанија.
Едноставно треба да зборуваме за фактите. Таа мафија не се јави сама по себе и нејзините последици ги гледаме денеска во Кочани”

