(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ги откри имињата на дел од кандидатите за градоначалници

/

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција посочи дел од кандидатите за градоначалници на партијата за следните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври.

Меѓу најзвучните имиња соопштени денеска беа актерот Тони Михајловски кој ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово, како и кандидатот за општина Бутел, каде што претставник на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Дарко Костовски, тренерот на македонската теквондо репрезентација.

Меѓу останатите кандидати за градоначалници кои денеска ги претстави Мисајловски се:



Александар Стојкоски – Oпштина Ѓорче Петров
Жарко Ристевски – Општина Македонски Брод
Дејан Владев – Општина Свети Николе
Димчо Атанасовски – Општина Македонска Каменица
Елеонора Рашковска – Општина Берово
Зоран Здравевски – Општина Чашка
Киро Нацков – Општина Градско
Маријан Миленковски – Општина Пробиштип
Миле Петков – Општина Виница
Александар Китански – Општина Пехчево
Бошко Цветковски – Општина Лозово
Виктор Паунов – Општина Карбинци
Далибор Ангелов – Општина Облешево
Коста Маневски – Општина Зелениково
Никола Најдовски – Општина Демир Хисар
Мевмед Џафери – Општина Маврово Ростуше
Кирил Пецаков – Општина Охрид

Претходна статија

Голема трагедија во Аеродром, во сообраќајка загина младо момче

Следна статија

Царовска: Нема потреба од ширење паника и неточни информации, ако има потреба ќе го смениме моделот за настава

Најново од Вести