(Видео) Воениот историски музеј во Софија го одбележа 6 септември
Националниот военоисториски музеј во Софија го одбележа 6 Септември – Денот на Соединението на Бугарија, со тематски музејски тури и интерактивна презентација за улогата на бугарската престолнина во настаните од 1885 година, јави БГНЕС.
Посетителите можеа преку музејските експонати да го проследат патот до соединението на Кнежеството Бугарија и Источна Румелија, од подготовките и прогласувањето до воената и политичката одбрана на историскиот акт.
„Ние не го разгледуваме 6 септември како еднократен чин. Напротив, 6 септември има свои корени уште во 1878 година, кога Берлинскиот конгрес ги разделува Бугарите“, изјави Славеја Сурчева директор за односи со јавност во музејот.
Посебно внимание беше посветено на улогата на бугарската војска и на мајор Данаил Николаев. Меѓу изложените предмети беа униформи, оружје, одликувања и лични предмети на кнез Александар I, како и офицерската сабја на Николаев.
Преку интерактивна апликација беше претставена и улогата на Софија во дипломатската, административната и воената поддршка на Обединувањето, вклучително и собирот на повеќе од 10.000 луѓе на плоштадот „Кнез Александар I“ на 6 септември 1885 година во знак на поддршка на историскиот чин.

