(Видео) Слушнете ја „Изворска р’ченица“ авторското дело на 13 годишниот хармоникаш од Бугарија Тодор Тодоров
Слушнете го авторското оро на младиот бугарски хармоникаш Тодор Тодоров од бугарскиот град Добрич. Момчето е само на 13 години, а неговото авторско дело се вика „Изворска р’ченица“.
Тринаесетгодишниот Тодор веќе е познат низ цела Бугарија настапувајќи на иста сцена со некои од најпознатите бугарски фолклорни изведувачи. Негов ментор е познатиот бугарски хармоникаш Петар Гочев.

