НЕКОИ ДОНАТОРИ НЕ СЕ СЛИКААТ ЗА НА FACEBOOK КОГА ЌЕ НАПРАВАТ НЕШТО ДОБРО

Самохрана мајка на четири малолетни деца доби куќа во Кичево, благодарение на анонимен донатор. Куќата има површина од 65 квадратни метри и дворно место од 200 квадратни метри.

loading...

„Оваа куќа, нашата организација ја обезбеди благодарение на поддршката и финансискиот придонес на еден наш сонародник од Кичево, кој живее и работи во Швајцарија. Тој ја купи оваа куќа со намера да ја донира од кога дозна за маките на оваа семејство. Целата процедура одеше преку нашата организација, затоа ние во име на организацијата се заблагодаруваме на донаторот што сака да остане анонимен. Му се молиме на Бога да го заштити него и неговото семејство и да ги награди“, објави канцеларијата за односи со јавност при огранокот на Хуманитарната организација „Класје на добрината” во Кичево.



loading...