(Видео) Вонредно Коридорче : Што мислат граѓаните за ЕУ?
Во вонредна емисија на македонско-бугарскиот поткаст ,,Коридор 8” авторот и водител на емисијата д-р Георги Станков и проф. д-р Иван Динев Иванов ги коментираат и анализираат резултатите од анкета на ИПИС , што мислат граѓаните за ЕУ.
Во рамки на емисијата се обрнува внимание и на зборникот ,, Македонската миграција во САД и Канада во југословенската дипломатска кореспонденција“ (2021 г.) на ИНИ под редакцијата на проф. д-р Тодор Чепреганов. Во истиот зборник во една од дипломатските преписки од март 1940 г. стои дека до македонските имигранти во САД стигнувале пораки дека ,, сите Македонци еднодушно работат за присоединувањето на Македонија кон Бугарија“ .
Повеќе во видеото што следи :

