(Видео) Вучиќ со остар тон кон БГНЕС: Знам кој ви рекол да ме прашате ова?
Српскиот претседател Александар Вучиќ при денешната посета на Бугарија употреби остар тон кон агенцијата БГНЕС, велејќи дека следи се во Босилеград и Ниш и е свесен со кого комуницираат новинарите.
На новинарско прашање како населението во Босилеград драстично се намалило за една четвртина за само 10 години и за тамошните еколошки проблеми, Вучиќ иритирано реагира: „Сфатив се. Знам сè. Знам и кој ви рекол да ме прашате ова. Добро следам кој е од Ниш, кој е од Босилеград и кој е од тамошниот Културно-информативен центар“.
Од овој одговор може да се заклучи дека комуникацијата со Бугарите од Западните покраини, вклучително и со Културно-информативниот центар во Босилеград, ја следат српските служби и тие го информирале Вучиќ за разговорите помеѓу БГНЕС и КИЦ-Босилеград пред посета, се вели во написот на агенцијата.

