Мерц: Украина мора да биде дел од преговорите по средбата на Трамп и Путин
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Украина „мора да биде на масата“ за преговори во рамки на следните разговори што ќе следат по средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, закажана за петок, 15 август, во Алјаска, пренесува БГНЕС.
„Запирањето на огнот“ меѓу Москва и Киев „мора да биде на прво место“, за да се обезбеди правилна последователност на можните преговори, нагласи Мерц по видеоконференција со американскиот претседател, пренесе АФП.
На средбата учествуваа и други клучни европски лидери, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој пристигна во Берлин по повод овој настан.

