Директорот на хрватските автопати Борис Хузјан изјави дека на ниво на цела Европска унија се подготвува промена на системот за наплата за користење на автопатите.
„Во контекст на развојот на моделот за наплата на патарина за сите видови возила, важно е да се истакне дека по предлогот на новата директива на Европскиот парламент планирано е во блиска иднина плаќањето на патарини да биде можно единствено по моделот на минати километри на автопатот, а не според наплатата на одреден период на користење“, изјави Хузјан.
Како што вели, таквиот систем веќе постои во Хрватска. (Прочитајте го целиот напис овде)