ВЛАДАТА ДЕНЕСКА ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ВЛЕЗ ВО ДРЖАВАТА БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА

Владата разгледува дали да има ограничувања при влез во државава. Според информациите на Алсат, една од опциите која ќе се најде на владината седница која е закажана за попладнево е да се укинат сите ограничувања и предуслови за влез во Македонија. Тоа ќе значи дека ќе може да се влегува без ПЦР тест и без да се оди 14 дена во самоизолација. Ова е предлог на Кризниот штаб, а не на Комисијата за заразни болести.

loading...

Оттаму веќе ѝ порачаа на Владата самата да си одлучи за границите, но лекарите остануваат на ставот дека сите досегашни предуслови да треба да останат. Моментално во државава се влегува со задолжителен тест за корона од земен брис од нос и грло, а да не е постар од 72 часа. Освен тоа, лицето се упатува и во двонеделен карантин. Инаку, Владата на синоќешната седница веќе олабави и други мерки. Дозволи организиран превоз во Полошкиот регион.



loading...