| |

ВЛАДАТА ЌЕ ЈА ОДРЖИ РЕДОВНАТА 65-ТА СЕДНИЦА

Владата, денеска, со почеток во 12 часот, ќе одржи редовна седница со повеќе точки на дневен ред.

На 65-тата седница, според предложениот дневен ред, министрите, по предлог на Министерството за образование и наука, ќе ги разгледуваат предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта и предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основното и средното образование.

На седницата на Владата, која ќе се одржи преку видеоконференциска врска, ќе се разгледува и информацијата за реализација на проектот за изградба на интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Грција поднесена од Акционерското друштво за вршење енергетски дејности „Национални енергетски ресурси“ – Скопје во државна сопственост.

За донесените одлуки и заклучоци од 65-тата седница јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе заврши седницата.

Слични Објави