ВЛАДАТА ЌЕ ПОТРОШИ 670 000 ЕВРА ЗА ЦВЕЌИЊА
Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија распиша тендер за хортикултурно одржување и уредување на објектите на државната управа со вредност од 41 милион денари (околу 670.000 евра).
Според огласот на Службата за општи и заеднички работи, објавен на Бирото за јавни набавки, Владата бара целосно одржување на садниците и обновување, технички кадар, минимални типови на опрема, материјални средства на одржување.
Услови за кандидатите што ќе се пријават на огласот е да имаат минимум 7 милиони денари вкупни приходи во последните три години (2015, 2016 и 2017 година).
Главен критериум за доделување на договорот е најниската цена.

