| |

БИТОЛСКИТЕ УЧИЛИШТА ДОЛЖАТ ОКОЛУ 4,6 МИЛИОНИ ЕВРА

Средните и основните училишта, во општина Битола, имаат вкупни долгови од околу 4,6 милиони евра.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и секретарот на Општината Слободан Најдовски, информираа дека долговите на училиштата секојдневно се зголемуваат поради затезните камати, извршни решенија и други финансиски проблеми.
Од општина Битола потврдија дека две средни училишта и осум основни училишта се со блокирани сметки, средното медицинско училиште „Јован Калаузи“ должи околу 35 милиони денари, основното училиште „Крсте П. Мисирков“ должи 39 милиони денари, а со високи долгови кои се движат од 16 до 30 милиони денари се и основните училишта „Александар Турунџев“, „Гоце Делчев“, „Елпида Караманди“, „Климент Охридски“ и „Коле Канински“.

Првите луѓе на битолската локална самоуправа изјавија дека деновиве се посветени на решавање на проблемите со неплатени сметки за потрошена електрична енергија кои училиштата во градот не ги плаќале од месец април 2017 година, со што во овој момент вкупниот долг на училиштата кон ЕВН-Македонија изнесува 6,5 милиони денари, од нив 5,3 милиони денари должат основните и 1,2 милиони денари средните училишта.

Слични Објави