На ЕУ не и треба уште еден тројански коњ во нејзиниот состав
Пишува: Даниела Горчева
Пак ќе го кажам, па можеби некој ќе ги извади замаглените очила на своите идеолошки предрасуди и ќе ги погледне голите факти.
Бугарија прва ја призна Македонија.
Уште повеќе: Бугарија го убеди тогашниот руски претседател Елцин да го потпише указот за признавањето на Македонија. Овој потег ја поштеди Македонија од судбината на Косово и Босна.
Сега Република Македонија создава една паралелна/фиктивна историска реалност.
Ова не е безопасно!
Создавањето паралелна реалност е својствено за тоталитарна држава или за сателит на тоталитарна држава.
Погледнете ја Путиновата Русија, а во минатото СССР, тоталитарна Германија итн.
Кажувањето на црното бело и обратно не е невино затоа што освен што го переш мозокот на сопствената популација и ја пумпаш со омраза, го прогонуваш секој што се обидува да ја каже вистината.
И постепено доаѓате до забранети книги, песни, до целиот арсенал на тоталитарната држава, која почнува да врши контрола не само врз политиката, туку и врз апсолутно сè – судот, јавниот живот, уметноста, културата и образованието.
Го живеевме, се сеќаваме!
Ова го прави Македонија денес.
Порано или подоцна, антибугарската реторика, говорот на омразата кон соседниот народ (од кој потекнуваат) и фалсификувањето на историјата, доведуваат до тоталитарно владеење.
Таква земја не може да биде примена во ЕУ.
Што се однесува до безбедноста на Македонија, таа е загарантирана бидејќи е членка на НАТО.
И за тоа повторно треба да и се заблагодари на Бугарија која ПРВА ја призна и која потоа ја убеди Русија да ја признае.
Се останато (зорт PCM да стане дел од ЕУ пред да стане правна држава)
е антибугарска и антиевропска политика.
На ЕУ не и треба уште еден тројански коњ во нејзиниот состав!
Доста му е од нереформираната пропутинска Бугарија, Грција со нејзините измами итн.
Но, да бев на местото на нашите дипломати и европратеници, директно би го поставила прашањето:
Каква сметка има ЕУ со прифаќањето на уште еден тројански коњ на Русија или Србија?

