| |

ВЛАДАТА ЗАБРАНИ ДВИЖЕЊЕ НА МЛАДИ И СТАРИ ВО ИСТ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД

Владата го забрани движењето на младите до 18 години од 21 до 12 часот, а на постарите од 67 години од 11 до 05 часот следниот ден, сопшти вечерва премиерот Оливер Спасовски.

Тоа значи дека младите до 18 години ќе можат да се движат од 12 напладне до 21 часот, а возрасните над 67 години од 05 до 11 часот претпладне.

Тоа е направено за да не се поклопуваат овие две возрасни групи, младите како преносители на коронавирусот, а повозрасните како најризична категорија граѓани, истакна премиерот Спасовски во вечерашното гостување на ТВ24.



Слични Објави