|

Владимир Талески правосилно осуден на затворска казна

Апелациониот суд по речиси три години конечно донесе правосилна пресуда за поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески. Актерот поголемиот дел од казната од 8 години за случајот „Транспортер“ ја преседе дома во куќен притвор и за цело време примаше плата од Битолскиот театар, пишува Фактор.

Судот во второстепената одлука му ја намали казната за една година и сега таа изнесува 7-годишна затворска казна. 

Против Талевски за скапоплатениот училишен превоз беше отворен случајот од поранешното СЈО во 2016.

Слични Објави