ВЛАСТА ТВРДИ ДЕКА ГО ИМА ПОД КОНТРОЛА КОРОНАВИРУСОТ, А МАКЕДОНИЈА Е НА ВРВОТ СО СМРТНИ СЛУЧАИ

//

Додека власта упорно тврди дека е Ковид 19 е целосно ставен под контрола и систем за справување со кризата одлично функционира, Македонија никако да се тргне од високата позиција на листата според број на смртни случаи од коронавирусот и број на заразени лица, јавува Нетпрес.

Од денеска веќе е укинат и полицискиот час, а од четврток угостителските објекти се подготвуваат за отворање. А, само пред неколку денови, Комисијата за заразни болести имаше предлог граѓаните да бидат во карантин од саботата до вторник. Политичарите ставајќи се над науката, одлучија да го „скратат“ карантинот, а веднаш потоа одлучија дека веќе не треба да има полициски час.

Д-р Никола Пановски, синоќа во отвореното студио на ТВ 24 истакна дека укинувањето на полициски час на цела територија е признавање на пораз и смета дека треба да се преземат мерки во Сарај, Чаир и Аеродром каде има жаришта.

Целиот напис прочитајте го овде.





Претходна статија

СОПСТВЕНИЦИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ВО ПРИЛЕП СЕ ПОДГОТВУВААТ ДА ГИ ОТВОРАТ СВОИТЕ ЛОКАЛИ

Следна статија

ОД ДЕНЕСКА НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС – ОД УТРЕ СЕ ОТВОРААТ И УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ

Најново од Вести