ВМРО-ДПМНЕ до петок ќе ја поднесе Резолуцијата во Собрание
До крајот на неделата ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе ја поднесе Резолуцијата за евроинтеграцискиот пат на Македонија, најави пратеникот Тимчо Муцунски, додавајќи дека донесувањето на оваа Резолуција е во интерес на сите граѓани, јавува Плусинфо.
„Содржината е целосно избалансирана и како таква може да биде од голема помош за Владата на Република Македонија во спроведување на нашиот надворешно политички приоритет, затоа што содржината е добра намера и со позитивен контекст којшто може да помогне во натамошно градење на добрососедските односи. Очекувам Резолуцијата да биде поднесена во текот на утрешниот ден или најдоцна до крајот на неделата“, изјави Муцунски.
