ХУМАНИТАРЕН НАСТАН „ ЗА МАРИЈА“

//

Настанот се одржува во спомен и чест за нејзиниот 30-ти роденден. Марија Михајловска беше личност која многу го сакаше животот кој и покрај сите препреки го живееше на единствен и препознатлив динамичен и позитивен начин. Беше инспирација и пример за успех и храброст што останува да се шири како енергија околу сите нас. Токму таа енергија сакаме да ја доближиме до сите вас и да споделиме љубов и човечност во нејзина чест со овој настан.

Поради нејзината огромна љубов кон моторите и мото светот, ќе се одржи хуманитарно мото дефиле и забава, на која сте сите поканети со добра свирка и дружба со мото светот. Настанот почнува во 19:00 на 20. 7 2018 година со почесно мото дефиле на потег од ул.„Арсениј Јовков“ – Ѓорче Петров до Соборниот Храм „Св. Климент Охридски“ и ќе заврши во паркот во Ѓорче Петров каде ќе продолжи и одржи забавата и хуманитарниот настан. Во склоп на настанот ќе имате можност да ја покажете својата хуманост на дело и преку донации на храна, напитоци, облека, чевли, хигиенски средства за најзагрозената категорија на лица-бездомниците и социјално загрозени семејства на кои им е најпотребно. Секоја донација е добродојдена и значајна. Почни од себе.

Настанот се одржува во покровителство на: Општина Ѓорче Петров, Кожувчанка, Next print digital ®.

Водител на настанот: Тина Мицковска



*Собраните средства од настанот ке бидат донирани Симона Николова , која боледува од Фридрикова атаксија.

Помагачи на настанот: Црвен крст Карпош

Во име на настанот се оддржува и крводарителска акција, со почеток 11:30 – 15:30 во Домот на култура Ѓорче Петров – старото кино.



Претходна статија

ВЛАДАТА ЦЕЛОСНО ГИ ПОЧИТУВА ПРАВАТА И ПОТРЕБИТЕ НА МЕДИУМИТЕ, СОРАБОТКАТА ЌЕ СЕ ПОДОБРУВА КОНТИНУИРАНО НИЗ ЗАЕДНИЧКИ ДИЈАЛОГ

Следна статија

ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА САЗДОВСКИ НА РАСПИТ КАЈ ОБВИНИТЕЛ

Најново од Вести