|

ВМРО-ДПМНЕ: Ѓорче Петров прерасна во општина на развој — Стојкоски ветува континуитет и нови проекти во следниот мандат

Во изминатите четири години, Општина Ѓорче Петров вложи над 350 милиони денари во изградба, реконструкција и модернизација на јавната инфраструктура — училишта, детски градинки, спортски објекти, фудбалски игралишта, улици, патишта и мултифункционални терени. Со овие инвестиции, Ѓорче Петров, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, се позиционира како една од најпрепознатливите скопски општини по реализирани проекти и подобрено секојдневие на своите жители.

Кандидатот за градоначалник на општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски, во рамките на програмата „Вистински избор“ вети континуитет на започнатата работа, посветеност и одговорно, домаќинско управување со општинските средства.

Во следниот четиригодишен период, Стојкоски најави нови капитални инвестиции:

  • изградба на нова населба за млади,
  • пет нови детски градинки во населбите Дексион, Стопански Двор, Александрија, Хром и Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски,
  • поставување фотоволтаични панели на основните училишта,
  • изградба на мега парк „Македонија“,
  • ново основно училиште во Александрија,
  • доградба на пет постојни училишта,
  • изградба на пензионерски дом, како и повеќе други инфраструктурни и социјални проекти.

„Ѓорчепетровци заслужуваат да живеат во модерна, урбана и зелена општина. Развојот мора да продолжи,“ порача Стојкоски, повикувајќи ги граѓаните на 19 октомври масовно да излезат и да дадат поддршка за број 9, за себе и за советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ѓорчепетровци гласаат за проекти, за надеж, за иднина. За човек со визија, план и стратегија. За твојот човек, за твоето место, за твојата иднина — направи го вистинскиот избор, заокружи 9,“ стои во пораката од ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави