|

ВМРО-ДПМНЕ: Губитникот Заев да си поднесе оставка, потребно е расветлување на серијата изборни нерегуларности

Зоран Заев овие локални избори ги загуби убедливо, е наведено во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и губитникот Заев не победи во ниту една голема општина, во исто време кога тврдеа дека се најдобри“, стои во писмената реакција од оваа партија.

Во градови како Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Велес , Гевгелија и останатите општини СДСМ и губитникот Заев, како што пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ, доживеале дебакл и затоа треба да си одат.

„Народот им испрати порака дека е незадоволен, разочаран и ја порази политиката на поделби и конфликти. Заевизмот како систем мора да падне. На овие избори имаше и брутални изборни нерегуларности, притисоци и закани од луѓето од власта, како и злоупотреба на државни ресурси, пред се полицијата за партиски цели. Мора да има одговорност за таквите нарушувања и злоупотреби“, се потенцира во писмениот допис од оваа партија.

„Губитникот Заев и во поразот е нечесен и треба барем еднаш да си држи до сопствениот збор и ветување, наместо преку платените клиентелисти да создава атмосфера за продолжување на мандатот. Оваа влада нема кредибилитет за водење на државата“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Темите

Слични Објави