ВМРО- ДПМНЕ: КОГА МАКЕДОНИЈА Е ВО ПРАШАЊЕ И ИДНИНАТА НА НАШАТА ЗЕМЈА, НЕМА СТРАВ И НЕМА ПРЕДАВАЊЕ! КОГА МАКЕДОНИЈА Е ВО ПРАШАЊЕ И ИДНИНАТА НА НАШАТА ЗЕМЈА, НЕМА СТРАВ И НЕМА ПРЕДАВАЊЕ!

//

Моќни пораки испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во саботата, на масовниот протест кој се одржа во Скопје.

Пред околу 60.000 присутни граѓани, тој испрати порака дека ВМРО-ДПМНЕ не се плаши кога Македонија е во прашање.

-Ќе не заплашуваат, гонат и притискаат, ќе ни се закануваат и армадилата неверници ќе не критикуваат, мене и оваа генерација политичари во партијата, мои соработници и другари, но ќе им порачам нешто од овде, ако некој смета дека ќе се уплашиме, се лаже. Слушајте ме сега добри мои политички конкуренти од СДСМ. Не ви се плашиме! ВМРО-ДПМНЕ не се плаши! Не се плаши кога Македонија е во прашање и иднината на нашата земја, нема страв и нема предавање! Затоа што ние одиме по патот на вистината, по патот на татковината, а кога си на таа страна тогаш си победник, порача Мицкоски пред сплотениот народ, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.





Претходна статија

РИСТОСКА: СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА СЈО ЌЕ БИДАТ ПРОШИРЕНИ

Следна статија

СРЕДБА ЗАЕВ-КИРНАГ: МАКЕДОНИЈА ОЧЕКУВА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

Најново од Вести