|

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да брка вработени, Ковачевски да поднесе оставка

Граѓаните ги очекува големо покачување на сметките за струја заради неспособноста на власта, енергетските капацитети не произведуваат доволно електрична енергија, па затоа мора државата да купува многу поскапа електрична енергија од енергетскиот пазар, ама затоа Васко Ковачевски реши да удри по вработените во енергетскиот сектор кои за него се неподобни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија порачуваат наместо Васко Ковачевски веќе да ја имаше потпишано својата оставка, заради целосниот хаос во енергетиката, тој реши да брка работници во АД ЕЛЕМ.

-Со потпис на неспособниот Ковачевски пред 20тина дена е донесен заклучок со кој се задолжуваат директорите на придружниците да достават список на работни места со број на извршители кои би биле испратени на принуден одмор или делумен прекин на работниот однос со кратење на платите во износ од 30%.

За да биде небулозата поголема, истиот ден Васко Ковачевски потпишува заклучок со кој бара да се ангажираат лица преку агенцијата за привремени вработувања кои би започнале со работа од 1ви Јануари 2022 година.

Намерата на Ковачевски е да бидат казнети партиските неподобни во ЕЛЕМ, а во исто време да бидат наградени партиски подобните лица преку договори за привремени вработувања.

Кристално јасно е дека казнети ќе бидат лицата кои немаат партиска книшка од СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа државна компанија вчера соопштија дека како мерки на штедење поради енергетската криза, неколку вработени ќе бидат испратени на принуден одмор.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави