DCIM101MEDIADJI_0775.JPG

Објект на градинка во Волково ја доби Годишната награда за архиктектура

/

Објектот „Градинка во Волково“ ја доби Годишната награда за архитектура на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ) за 2021 година. Автор на идејното решение е архитектот Филип Конески, додека во разработката на основниот проект учествуваа м-р Даница Спасевска и м-р Анета Мартулкова.

Наградата е под покровителство на Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, а дел од фондот го обезбедува и Македонската Авторска Агенција.

На доделувањето на наградата, претседателот Пендаровски нагласи дека заедницата е обврзана да придонесе за творечката слобода и професионалниот интегритет на македонските архитекти и да овозможат архитектурата да ја исполнува својата примарна цел – да го облагородува просторот, но и животите на луѓето.  

„Несомнено секој архитект се соочува со предизвикот да направи дело коешто ќе му пркоси на забот на времето и ќе ја има во себе претпоставката дека е градба по мерка на човекот. Македонските архитекти често се соочуваат и со дополнителни предизвици – со барањата на инвеститорите, со апетитите на урбаната мафија или, како што имавме ситуација во време на едноумието, а и до пред некоја година, да треба да задоволуваат небулозни идеолошко-политички барања. Згора на тоа, ја имаат и природната обврска да ја чуваат и усовршуваат македонската традиционална архитектура“, изјави Пендаровски при доделувањето на наградата.

Наградениот објект е лоциран на маргините на Волково, на возвишување, од каде се отвора поглед кон населбата и градот. Градинката е во завршна прва фаза, додека во втората фаза во иднина, се планира изведба на кровна градина.



За наградениот објект, од Асоцијацијата на Архитекти нагласуваат дека е специфичен за македонската пракса и претставува одреден чекор напред кон посмело размислување во проектантскиот процес за оваа типологија на објекти.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да брка вработени, Ковачевски да поднесе оставка

Следна статија

Владата и годинава со новогодишни пакетчиња за 150 деца од малите групни домови

Најново од Вести