| |

ВМРО-ДПМНЕ: НАМЕСТО КАВАДАРЧАНИ ЗАЕВ ГО ПРЕЧЕКАА ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ ОД СИТЕ ГРАДОВИ

Во саботата на добро познатиот датум од минатото на СДСМ, 15 септември во Кавадарци гостин беше премиерот Заев. Меѓутоа наместо да го пречекаат гостопримливите кавадарчани него го пречекаа партиски војници од сите останати градови од Македонија.

На овој т.н. собир освен познатиот кавадаречко скопски мигрант Цацко и одредени локални транзициони профитери речиси и да немаше кавадарчанец да ги слушне лагите на Заев.

На овој историски познат лажлив ден 15 септември, Заев дојде во Кавадарци и без никаков срам и образ зборуваше за секаква Македонија, само не зборуваше за Северна Македонија.

Бидејќи кавадарчани се многу пати излажани од Заев, затоа и му посакаа добредојде со тоа што го игнорираа неговото присуство на градскиот плоштад, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев или ја заборави или по навика ја одбегна темата за лозарството во Тиквешијата. Срамота е да дојдеш во градот на виното и да не спомнеш ниту еднаш за цената на грозјето, онаа која ја вети на лозарите пред само 20-тина дена.

Срамота е да дојдеш во градот и да кажуваш дека кавадаречкото вино ќе се продавало на штандовите во Копенхаген, во Берлин и низ сите европски метрополи. Господине Заев сакаме да ви укажеме дека кавадаречките вина се продаваат со години наназад не само во Берлин, Копенхаген, Прага, Цирих туку и во Њујорк, Вашингтон и низ сите светски познати центри.

Не ме ни чуди господине Заев зошто го игнорирате македонскиот земјоделец, затоа што вие очигледно и не го чувствувате како ваш народ македонскиот земјоделец.

Нема покачување за цената на грозјето, нема 2 денари субвенции кои ги ветивте, а зелената нафта е продукт на вашата амнезија. За потценувањето со обештетувањето на земјоделците од ланските пролетни мразеви да не ни зборуваме, тоа одамна е ваша завршена приказна.

Господине Заев, за да се стремите кон Европа мора да знаете на Европа и требат лидери, искрени и исполнителни, а таков не сте вие, напротив се што ветивте се излажавте, принцип никаков, образ ѓон.

Дали занесен од вашата европска еуфорија заборавивте дека се наоѓате во Кавадарци и дека на само 2 километри од местото каде што вие зборувавте се наоѓа селото Ваташа. За тебе можеби неважно бидејќи од таму ви доаѓа потопот на сите избори во Кавадарци. Меѓутоа за историјата на Македонија едно од најважните и осквернавените места во Македонија.

Ако ти не знаеш, нели ви кажаа вашите советници дека во Ваташа се има случено масакр од страна на бугарскиот фашистички окупатор на 12-те ваташки младинци. Грев е само на 2 километри од куќите на овие предвреме згаснати млади цветови, чиј единствен грев им беше затоа што зборуваа и пееја на македонски.

Ти господине Заев да го воздигнуваш договорот со Бугарија со кој договор не смееме веќе ни да спомнеме од кого се ликвидирани овие младинци.

Те слушнавме како неколку пати зборуваш за европски плати, за намалена невработеност , за економски развој. Кое лицемерие господине Заев, нели ви кажаа вашите советници дека се наоѓате во Кавадарци, град каде што невработеноста е под 7% благодарение на ВМРО-ДПМНЕ.

Кога идевте на кај Кавадарци нели ја видовте фабриката „Дрекслермаер“ , нели ја видовте индустриската зона на Кавадарци?

Дали господине Заев вашата најголема промоција на митингот во Кавадарци беше промовирањето на пензионерот Тито Петковски, еден од најголемите гробари на кавадаречкото стопанство во минатото?

Години требаше да поминат да се опорави кавадаречкото стопанство од генерацијата на овој транзиционен политичар, а ти со силен ентузијазам ни го споредуваш владеењето на Тито Петковски со идните придобивки од промената на името Република Македонија во Северна Македонија.

Господине Заев на крај сакаме да ти укажеме, немој веќе да ги потценуваш и да ги лажеш кавадарчани. Ако во саботата на 15 септември ти дојдоа малкумина кавадарчани, следниот пат ќе нема со кој добар ден да си речеш.

Кавадарчани знаат како да постапат на референдумот. Кавадарчани живееле, живеат и ќе продолжат да живеат во модерно Кавадарци, во посилна попросперитетна и стабилна Република Македонија.

Кавадарци ќе победи, Македонија ќе оди напред!



Слични Објави