| |

РУСКИ ВОЕН АВИОН ПАДНАЛ ВО СРЕДОЗЕМНО МОРЕ- СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА БИЛ ПОГОДЕН ПО ГРЕШКА ОД СИРИСКА РАКЕТА

Руски воен авион со 14 патници исчезна над Медитеранот за време на лет над Сирија. Подоцна руското Министерство за одбрана соопшти дека авионот е соборен од сириски ракети. Инцидентот се случил минатата ноќ на 35 километри од сирискиот брег. Авионот “Ил 20” се враќал во руската база Хмејмим по мисија во сириската провинција Латакија, кога исчезнал од радарите над Средоземното Море. Судбината на војниците и екипажот е непозната. Базата организираше операција за пребарување на авионот. Според анонимен претставник на Вашингтон машината била соборена по грешка од сириската армија. Дамаск засега не го коментира инцидентот.



Слични Објави