ВМРО-ДПМНЕ: НИ ПЕТТИОТ ПАКЕТ МЕРКИ НЕ НУДИ НИКАКВА ПОМОШ НА ГРАЃАНИТЕ И БИЗНИС СЕКТОРОТ
Додека граѓаните и бизнисот мака мачат како да ја надминат ковид кризата, СДСМ и понатаму безсрамно се фали дека им нуди некаква помош. Како и претходните четири пакети на антикризни мерки така и петтиот пакет на мерки на владата е неразвоен, крпи дупки и служи само за поткуп на гласачи пред избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Мерките на СДСМ и Заев не го помагаат бизнисот и не отвораат нови работни места, дури не помагаат ни за задржување на актуелните вработени во фирмите. За тоа дека мерките се не ефикасни докажува е податокот дека над 55.000 луѓе останале без работа. И додека Заев се обидува да манипулира со граѓаните, во Британија владата обезбедила 1.000.000 лаптопи и таблети за учениците. Кај нас ни трага ни глас од помош за најмалите. Со Заев имаме само уназадување. Затоа потребно е што поскоро оваа криминална влада на СДСМ и Заев да си заминат веднаш – велат од партијата.