ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Филипче не е доволна, потребна е оставка од Заев, само така ќе се гарантира независна истрага
Оставката на Венко Филипче не е доволна, потребно е оставка на Зоран Заев кој е централниот дел на пирамидата на нефункционирањето на системот, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по најавата за оставка од страна на министерот за здравство Венко Филипче.
„Само оставка на Заев ќе гарантира независна и објективна истрага. 15 животи згаснаа во институција за чија безбедност е должна и одговорна државата. Заев да не се крие позади оставката на Филипче. Овој народ виде оставки кои не беа чин на одговорност туку чин на амнестија, како што беше таа на Кирацовски или Рашкоски“, стои во писмениот допис од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму порачуваат дека е потребна вистинска одговорност.
Извор: Темите