ВМРО-ДПМНЕ победник во 42 општини, СДСМ во 16, ДУИ 10

/

ВМРО-ДПМНЕ, доби нови 20 градоначалници, а кога ќе се соберат со освоените од првиот круг вкупниот број на општини кои ќе бидат предводени од ВМРО-ДПМНЕ изнесува 42, меѓу кои и нјаголем дел од градовите – Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Штип, Гевгелија, Кочани. Таму се водеше и една од најнеизвесните битки а во фото-финиш победи на Папазов со само 16 гласа разлика.

СДСМ пак, по освоените 9 во првиот круг доби нови 7, со што вкупниот број на освоени општини од СДСМ изнесува 16. Од позначјаните – Струмица, Делчево, Крушево, Демир Капија како и општина Центар, која единствено остана во нивни раце од сите скопски општини..

ДУИ во наредните 4 години ќе управува со 10 општини. Повторно победи во Чаир, Кичево и Струга, но загуби во најзначајната општина за нив – Тетово, каде победи лидерто на БЕСА, Касами. Тие победија и во Желино, а коалицијата Алијанса Алтернатива ги задржа Гостивар и Врапчиште.

Една од најважните битки на локалните избори резултираше со промена на градската администрација и во главниот град Скопје. Независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска издвои убедлива победа, освојувајќи 118,765 гласа или нешто над 28 илјади повеќе од нејзиниот противник од СДСМ Петре Шилегов кој освои 90,682.

-По тешки битки ако можам така да се изразам во оваа кампања, мој противник не беше само стариот градоначалник туку и премиерот во заминување и на мое навистина големо задоволство истакнувам дека за прв пат во 30 години независна Македонија, Скопје има жена за градоначалник, изјави Данела Арсовска.



-Оставивме неизбришливи траги, нашите булевари, мостови, кејови и зелени кровови никој веќе не може да ги избрише. Драго ми е што Скопје го оставивме во позиција да едноставно неговиот развој мора да помине. Ние ќе бидеме тука и понатаму за сите прогресивни сили во Скопје да продолжи борбата да расте како еден модерен и развиен град.вели Шилегов.

Во Карпош нов градоначалник е Стевчо Јакимовски од ГРОМ кој го победи Весковски од СДСМ со разлика од околу 1,800 гласа, слична разлика има и во Центар каде победа издвои кандидатот на СДСМ Герасимовски.

Градоначалничка функција освоија и независните кандидати во Куманово- Максим Димитриевски и Зоран Ногачески во општината Дебарца.

Претходна статија

Отворен Балкан без Заев, премиерот го откажа патувањето во Белград

Следна статија

МНР на Бугарија: Користењето на говор на омраза како инструмент за внатрешно-политички соочувања е неприфатливо

Најново од Вести