| |

ВМРО ДПМНЕ ПОЧНА ДА „ЖИВЕЕ“ НА КРЕДИТ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во текот на овој месец подигнала кредит од Комерцијална банка во износ од 15 милиони денари или 244 илјади евра.

Според објавата во Службен весник (број 141), најголемата опозициска партија ставила под хипотека недвижен имот во корист на банката заради обезбедување на кредитот.

Од ДПМНЕ за Фокус велат дека единствено не е замрзнат партискиот недвижен имот стекнат пред овој период, како на пример деловниот простор на скопски „Рекорд“, кој, според опозициската партија, бил ставен под залог за добиениот банкарски кредит.



Слични Објави