|

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не биде прес-служба на ДУИ

„СДС да не биде прес-служба на ДУИ и да го праша Артан Груби како брат му купи дуќан во центарот на Скопје по цена од 650 евра за квадрат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, СДС и ДУИ се потонати во криминал и ништо не ги спасува од одговорноста што ќе дојде.

„Додека народот не може да купи стан за 1.500 евра за квадратен метар, брат му на Груби купува дуќан сред Скопје на улицата Македонија по цена од 650 евра за квадратен метар. Народот едвај врзува крај со крај, а луѓе околу Ковачевски вртат милионски бизниси. Што се однесува до лажните наводи за претседателот Мицкоски, СДС и ДУИ ги имаат под свое сите служби и институции за прогон, доколку имаше 1 % вистина, тие одамна ќе отвореа случај. А за сите лаги и манипулации ќе треба да одговараат на суд“, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави