ВМРО ДПМНЕ : СДСМ ТРЕБА ЈАСНО ДА КАЖЕ ДАЛИ ИМАЛО ГРЧКА ДИПЛОМАТСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА ПОСЛЕ ИНТЕРВЈУТО НА ЗОРАН ЗАЕВ ИЛИ НЕ ?
СДСМ треба јасно да каже дали имало грчка дипломатска интервенција после интервјуто на Зоран Заев или не?
Дали тиражниот Екатимерини лаже кога вели дека откако интервенирала грчката дипломатија, државната агенција МИА го цензурирала и сменила интервјуто на Заев?
Дали е точно тоа дека Заев изјавил „Северниот дел од Грција е Грција, западниот дел од Бугарија е Бугарија. Ова е наша Македонија и нема да има ниедна друга во светот“?
Дали е Заев човекот кој ова го вели и во видео интервјуто објавено на некои медиуми и зошто истиот дел е изменет во пишаната верзија на МИА, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
