ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ВЕТУВАШЕ ЖИВОТ И ВОЗДУХ ЗА СИТЕ, А СЕГА ГЛЕДАМЕ КАКО СЕ СЕЧАТ ПОВЕЌЕДЕЦЕНИСКИТЕ ДРВА
Никаде во Светот прво не се сече шума, а дури потоа да се бара решение.
СДСМ, Шилегов и владата не само што лажат туку и сушат.
Откако ја исекоа шумата на Водно за поставување на трасата на гасоводот се решија дека треба да ја спасуваат.
СДСМ ветуваше живот и воздух за сите, а сега гледаме како се сечат повеќедецениските дрва.
Штетата е направена. Ништо и никој нема да може да ги врати дрвата што ги исекоа.
На граѓаните им е преку глава од лажните и неисполнети ветувања, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Ако се неспособни и ако не знаат како треба да работи и да се справат со проблемите треба да си поднесат оставка.
