ВМРО-ДПМНЕ: Со мерките на власта дури над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија
Голтарите на власта додека се богатат, граѓаните секој ден се повеќе осиромашуваат. Со мерките со кои што власта се фали дури над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ Според статистиката растот на инфлацијата е повисок од растот на платите и пензиите. За година ипол горивата поскапеа за 70%, струјата поскапи за 30%, парното за 15%, цената на лебот е зголемена и за 110%, а сите останати основни намирници се поскапени за 30-50%.
Под итно се потребни зголемувања на платите и во другите области, и раст соодветен на минималната плата. Вработените во образованието се потценети. Потребно е усогласување на платите согласно Колективниот договор со што наставниците ќе земаат и до 45 илјади денари. Повисоки плати мора да има и во високото образование“ велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите на синдикатите и велат дека работниците имаат право да се борат и да го бараат тоа што ги следува. Оттаму сметаат дека единствено реалниот раст на платите ќе го зачува стандардот на граѓаните.
„ Ковачевски треба да одговори реално во однос на пензиите дека ништо ново не нуди, туку само го враќа моделот што беше воведен од ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година и со кој се покачуваа пензиите се до 2018 година, а го укина Заев. Власта иако го враќа моделот не им ги враќа парите кои Зоран Заев во меѓувреме им ги украде.