| |

ВМРО-ДПМНЕ: СО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, СДСМ САКА ДА СЕ СПАСИ ЗА СТОРЕНИОТ КРИМИНАЛ

„Законот кој СДСМ сака да се донесе за јавното обвинителство не е во интерес на граѓани, туку е во интерес на криминалците во СДСМ.

СДСМ сакаат да го донесат овој закон набрзина за да се спасат за рекетот, корупцијата, наместените тендери и сиот сторен криминал овие години.

Со нацрт законот за јавно обвинителство на СДСМ не се согласува ниту експертска јавност.

ВМРО-ДПМНЕ сака да се донесе Закон за јавно обвинителство согласно меѓународните стандарди и да претставува закон со кој треба да се направи рефеорма на целокупното јавно обвинителство. Закон со кој идниот обвинител нема да замижува пред скандали како Леонардо, Рекет 2 и Рекет 3, Сархемс и слично.

Времето на селективна правда и штитење на криминалот на СДСМ и Заев завршува.

На 12 Април следува одговорност. СДСМ и Заев никогаш повеќе“, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави