ВМРО-ДПМНЕ: СООПШТЕНИЈАТА НА СДСМ НЕМА ДА ГО ИСПЕРАТ СРАМОТ ДЕКА СЕ ВИНОВНИ ЗА СМРТТА НА БЛИЗУ 4.000 НАШИ СОГРАЃАНИ

//

И еден милион соопштенија да напишат од штабот на СДСМ нема да го исперат срамот, тагата и трагедијата дека се виновни за смртта на близу 4.000 наши сограѓани. Сите починати од 1 јануари до денес одат директно на совеста на Зоран Заев и Венко Филипче, кои не набавија вакцини кога целиот регион и остатокот од светот тоа го правеше, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Земјите од регионот, но и светот се сочуваат со пад на бројот на заболени и починати и пандемијата почека згаснува, затоа што поголем дел од популацијата имаат вакцинирано. Денеска сме 4 април а Заев има добиено повеќе вакцини како донација, отколку што самиот има набавено. Да не е добрината на соседна Србија немаше да можеме да ги вакцинираме ниту здравствените работници во Ковод центрите. Срамно и жално, посочуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ порачува: „Заев и Филипче мора да се свестат, велеа дека ќе имаме 2.000 заболени во текот на целата пандемија, а сега имаме по 3.000 заболени за два дена“.



-Имаше недостаток на клексан и инвермектин. Народ примаше инфузии во болнички дворови. Живи пациенти лежеа до мртви. Жена умре во болница затоа што немаше кој да и даде кислород. Луѓе се вакцинираат преку ред затоа што имаат врски со власта. Системот е пропаднат и за тоа одговорни се Заев и Филипче, истакнуваат од партијата.

Претходна статија

МАСОВНОТО ВАКЦИНИРАЊЕ ПОЧНУВА УТРЕ, ЗАКАЖАНИ ТЕРМИНИ ЗА 3000 ГРАЃАНИ

Следна статија

ФЕЈСБУК СТРАНАТА НА МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ТИРАНА ОД ДЕНЕСКА ЗАПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА

Најново од Вести