|

ВМРО-ДПМНЕ: Ветуваме изградба на 5 нови детски градинки со капацитет за 700 дечиња во Аеродром

ВМРО-ДПМНЕ најавува значајни инвестиции во Општина Аеродром со фокус на подобрување на условите за најмладите. Во наредниот четиригодишен мандат партијата планира изградба на пет нови детски градинки во населбите Долно Лисиче, Лисиче, Јане Сандански, Мичурин и Острово, со вкупен капацитет од 700 деца. Со тоа ќе се намалат листите на чекање и ќе се обезбедат современи услови за згрижување и воспитување. Идниот градоначалник Дејан Митески и советот предводен од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат посветена работа за подобра иднина на сите граѓани на Аеродром, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го поддржува развојот на Општина Аеродром.

За таа цел имајќи предвид дека општина Аеродром е општина во кои градинките се преполни со деца и ги надминуваат капацитетите за сместување, ветуваме во следниот четири годишен мандат изградба на 5 детски градинки, и тоа во населбите Долно Лисиче, населба Лисиче, Јане Сандански, Мичурин, како и Острово со капаците на вкупно 700 дечиња.

„Со ова ќе го решиме проблемот на престој на дечињата и ќе ја намалиме листата на чекање. Ќе обезбедиме модерно уредени детски градинки по највисоки стандарди, каде што најмалите ќе можат да ги добијат најдобрите услови на згрижување, воспитно-образовни активности како и развивање на социјалните вештини.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром за локалните избори нуди мерки за сите категории на граѓани, од најмалите до највозрасните.

Идниот градоначалник Дејан Митески и советот предводен од ВМРО-ДПМНЕ со проекти и работа ќе обезбедат подобра иднина за сите граѓани.

Општина Аеродром мора да продолжи да се гради и развива.

Ги повикуваме аеродромци на 19 октомври масовно да излезат за поддршка за Дејан Митески и листата за советници предводена од ВМРО-ДПМНЕ и да заокружат 9.

За твојот човек

За твоето место.

За твојата иднина.

Направи го вистинскиот избор. Заокружи број 9.“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави