ВМРО-ДПМНЕ: ЗА ДВА ДЕНА ЗАЕВ ЈА ЗАДОЛЖИ МАКЕДОНИЈА ЗА 850 МИЛИОНИ ЕВРА, ДРЖАВАТА НА АПАРАТИ
„Заев издаде еврообврзница од 700 милиони евра, за која треба да плати камати од 80 милиони, и на домашниот пазар се задолжи за 70 милиони, вкупно 850 милиони.
Заев со ова задолжување се спасува од банкротот кој беше неминовен како резултат на лошите политики и неадекватното менаџирање на кризата.
Долгот со овие задолжувања официјално ќе скокне над 7 милијарди евра, и 65% од БДП.
Ова задолжување е само за крпење на дупки, и доколку нема промена на политиките, наскоро ќе ни треба ново задолжување. Државата ќе тоне, пари нема, а каматите ќе стануваат се поголеми.
Затоа наместо на крпење на дупки државата треба да се насочи кон развој“, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

