ВМРО-ДПМНЕ: ЗАЕВ ПОТРОШИ 6.000 ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД ОНА ШТО ЈАВНО ГО ПРИКАЖА ЗА ПРОСЛАВАТА ЗА НАВОДЕН ВЛЕЗ ВО ЕУ И НАТО

Вести Истакнато Македонија

Почитувани,

Нема ден да нема скандали во нашата држава и во нашето секојдневие.

Прославата на СДСМ за наводен влез во НАТО и ЕУ минатиот 14-ти од месец јули пропадна, но она што дури сега што е интересно излегуваат на површина лагите на Владата на СДСМ.

Иако тогаш предупредувавме дека целиот процес чини премногу пари и дека Владата прикажува лажирани трошоци кои чинат помалку, односно прикажуваат помалку од она што чини многу повеќе сега за истото можеме да видиме и докази.

Сите постапки на Владата која што се обидуваше да биде транспарентна упатуваат на сомнежи за криминал, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е дека лажат сушат. Нема еден скандал, а да не се обидат да излажат за да го намалат револтот кај граѓаните. Имено Владата во своето соопштение за тоа колку чини прославата, кое јавноста го чекаше 1 недела да се пресметаат, кажа дека, цитирам: „вкупната сума за сцените и сценската опрема е 49.000 евра или околу 3.200 евра по град”.

Согласно договорот за набавка на услуги за изнајмување и ракување со опрема за аудио и видео поддршка на настаните во надворешен простор, достапен на Бирото за јавни набавки за организирање на прославата чини вкупно 4.923.850 денари или 80.000 евра, што е за 31.000 евра повеќе од тоа што го објавија пред граѓаните.

Дали СДСМ со парите на граѓаните платила 31.000 евра повеќе од што им се обиде да го прикаже?

Дали овие пари се платени на фактура?

Тоа е околу договорот за опремата, а сега околу договорот за организирање на настаните кој го земала друга фирма.

Владата во соопштението тогаш објави дека вкупната сума за организација на настаните чини 35.000 евра или околу 2.300 евра по град.

Според информациите достапни од Бирото за јавни набавки за организација на прославата склучен е договор во вредност од 2.541.425 денари или 41.323 евра, што е за 6.000 евра повеќе од она што го прикажаа.

Дали СДСМ со парите на граѓаните платила за оваа ставка 6.000 евра повеќе од она што јавно го прикажа и каде завршија парите?

Дали и овие пари се платени на фактура?

Владата на СДСМ конечно да се произнесе без лажење, колку пари ги чинеше прославата граѓаните на Република Македонија која што се обидоа да го организираат минатиот месец? Јасно е дека чинела многу повеќе од она што го кажаа.

Дополнително, како е можно сите тендерски постапки да бидат спроведени за само 1 ден без притоа да се остави можност сите заинтересирани економски оператори да формираат понуда?

Зошто Владата, доколку се работело за набавка од итни причини не спровела постапка според член 99 од законот за јавни набавки кој што упатува на итност? Постапката е спроведена според друг член кој не повикува на итна постапка.

Нема ден, нема настан, нема проект, нема тендер, а Владата на СДСМ да не е вмешана во некои сомнителни зделки.

Очигледно е дека сомнежите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги изнесовме околу организацијата на прославата испаднаа вистинити. СДСМ лажат сушат. Ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните секојдневно.

За сите овие сомнителни работи, кога СДСМ ќе ги тргне канџите од судството, некој мора да одговара. За сите злоупотреби на функциите и сомнително раководење со парите на граѓаните, мора да одговараат.

На крајот, почитувани, граѓаните и Република Македонија ќе победат!