ВО БЕРЛИНСКАТА ОПЕРА „КАРМЕН“ БЕЗ ПУБЛИКА

Во берлинската Државна опера „шоуто мора да продолжи“ без оглед на строгите мерки против новиот коронавирус.

Директорот на оперската куќа, Матијас Шулц изјави дека „Кармен“ денеска ќе се одигра како што е планирано, но без публика. Наместо тоа, претставата бесплатно ќе се пренесува преку видео.

Истото се планира и за операта на Моцарт – Идоменео, на 22 март.

И познатата Берлинска филхармонија разгледува видеопреноси за своите концерти.





Претходна статија

МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ДЕЛ ОД ИЗЛОЖБА НА РУСКИ УМЕТНИК

Следна статија

„СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ“ ПРЕЗАКАЖАН ЗА ВО СЕПТЕМВРИ

Најново од Култура